Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Како може моето претпријатие да донира? PDF Печати Е-пошта

Вашата донација покажува дека сте добар корпоративен граѓанин, дека вашето претпријатие се грижи за луѓето и за заедницата во која делува. Со донацијата покрај што им помагате на оние кои имаат потреба, ја градите и свеста кај вашите вработени, но и нивниот морал. МЦМС се залага и ја поддржува општествената одговорност на претпријатијата. Во таа насока веќе има остварено долгорочна финансиска поддршка за своите активности од претпријатија.

Од 2007 г. МЦМС соработува со Сокотаб, а подоцна и со Филип Морис за реконструкција на повеќе основни училишта во руралните заедници, уредување на нивните дворови, како и за набавка на наставни средства и помагала во рамките на Проекти за модернизација на образованието.

Како може да донирате за МЦМС?

  • Со еднократни или редовни (месечни или годишни) донации во пари за активностите на МЦМС
  • Со долгорочни партнерства со МЦМС за финансиска поддршка на активности од заеднички интерес и делокруг
  • Со донирање на дел од приходите од вашите производи и/или услуги за активности на МЦМС
  • Со донирање на вашите производи и/или услуги
  • Со организација на добротворни настани ( на пр. за одбележување на вашите јубилеи)
  • Со алокација на дел од времето на вашите вработени за активности на МЦМС

Доколку вашата донација е за наш проект од јавен интерес можете да користите даночно поттикнување, намалување на даночната основа, согласно Законот за донации и спонзорства во јавни дејности. Даночното поттикнување се однесува на данокот на добивка и е соодветно на големината на дадената донација/спонзорство до онаа големина кога не преминува преку 5 % за донации и преку 3% за спонзорства од вашиот вкупен приход.

Ние ќе ги подготвиме потребните документи и ќе ја водиме процедурата за стекнување на даночното поттикнување.

Контактирајте нѐ на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Како да донирате?

  1. Склучувате договор со МЦМС
  2. Давате донација на МЦМС
  3. МЦМС ви издава потврда за уплатената донација и ја спроведува процедурата за стекнување на даночното поттикнување.
  4. Министерството за правда издава решение со кое го потврдува јавниот интерес.
  5. Даночните поттикнувања ги искажувате во даночниот биланс по поднесувањето на годишната сметка за изминатата календарска година.

Одберете за што ќе донирате:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Поддршка Донирај