Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Говори
Одржливост ‐ можности и ремоделирање PDF Печати Е-пошта

Скопје, 2010, Сашо Клековски, прв извршен директор

... „Одржливоста е комплексно прашање на вредности, мрежи, генерирање и управување на ресурси и ефективни резултати. Веројатноста за одржливост на ГО во сценарио на повлекување на странски ресурси е извесна, но ќе доведе до ремоделирање на ГО врз основа на новиот баланс на извори на ресурси. Различни потсектори ќе треба да развиваат различни модели на финансирање (различни стратегии за различни потсектори), но потребна е поддршка од странски извори и од законските извори...“

Повеќе...
 
Соработка на локална самоуправа со граѓанските организации PDF Печати Е-пошта

Скопје, 28 мај 2010, Емина Нурединоска раководител на одделението за граѓанско општество

...„Досегашна пракса во Република Македонија покажува дека 52% од општините во рамките на нивната администрација имаат одговорно лице (но не одделение) за соработка со граѓанскиот сектор. Исклучок е градот Скопје. За 22% од општините соработката со граѓанскиот сектор се заснова на обврзувачки документи како што се статутите на општините, програмите за работа, правилниците и сл. Пишани документи (стратегии) имаат: општина Карпош и град Скопје, 65% од општините одвојуваат одредени финансиски средства за поддршка на граѓанските организации...“

Повеќе...
 
Македонското граѓанско општество PDF Печати Е-пошта

Нови Сад, Србија, 7 мај 2010, Даниела Стојанова

...„ Главните предизвици се ограничената партиципација на граѓаните и тоа: нефаворизирачкиот социо-културен контекст, само 24% од граѓаните се членови на здруженија, а половина од нив не се активни, 10% се волонтерски, а 41% од граѓаните имаат доверба во граѓанското општество. Што се однесува до финансиската одржливост, постои голема зависност од странски фондови, странските донатори се селат во други региони што води кон намалување на фондовите. Постои и недостаток на правила и процедури што го лимитира пристапот на државата во обезбедувањето средства за граѓанските организации...“

Повеќе...
 
Соработката на граѓанските организации со државата и деловниот сектор PDF Печати Е-пошта

Скопје, 6 мај 2010, Сашо Клековски, прв извршен директор

…„Партнерствата (трајни мрежи) со државата и приватниот сектор (и меѓусебно) се основен елемент за ефективно граѓанско општество (ГО). ГО во досегашниот развој посветуваше повеќе внимание на градење на социјалниот капитал со (странските) донатори, отколку со државата и приватниот сектор. ГО се фокусира на правна рамка која овозможува соработка, нешто што е веќе постигнато. Факторот што недостига се социокултурните ограничувања, краткиот период. Ова го  прави видлив проблемот на недостаток на взаемно запознавање и признавање...“

Повеќе...
 
Вклучување на граѓанските организации во процесот на креирање на политиките PDF Печати Е-пошта

Скопје, февруари 2010, Емина Нурединоска, раководител на одделението за граѓанско општество

...„Повеќе документи даваат основа за вклучување на граѓанските организации во процесот на креирање на политиките. Нема централно воспоставен систем на вклучување во креирање политики. Нема соодветни капацитети и од страна на ГО за креирање политики (особено отсуство на анализи за соодветни прашања и иницијативи за поведување постапка за одредена политика).

Повеќе...
 


Страна 1 од 3

Проекти

Civica Mobilitas Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Говори