Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нови вештини за подготовка на проекти PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 18 август 2014 13:45

Дваесет и двајца претставници од општинските администрации на Шуто Оризари, Дебар и Куманово, Ромските информативни центри од Шуто Оризари и Куманово, како и претставници од ромските граѓански организации Дром-Куманово, Месечина-Дебар и РБИЦ-Шуто Оризари од 30 јули до 1 август 2014 г. во Скопје учествуваа на oбука за подготовка на проекти кои треба да придонесат кон одржлива општествена инклузија на Ромите во Македонија.

novi vestini za podgotovka na proekti 1

„Се надевам дека посетената обука за подготовка на проекти ќе резултира со остварување на зацртаните цели за социјално вклучување на Ромите во општествените текови. МЦМС  ни помогна да создадеме одличен тим составен од претставници на граѓанските организации кои работат со Роми, општинската администрација, РИЦ и наставници од училиштата во кои учат дечиња Роми. Се надевам дека заедно  ќе успееме да подготвиме успешен проект за интегрирање на Ромите. Големи комплименти и до нашите предавачи Валентина и Биљана, кои обуката ја извршија професионално, несебично пренесувајќи ни ги нивните практични искуства од областа на подготовка на проекти“, вели Цветанка Арсиќ, советник во Одделението за заштита на животната средина при општина Куманово.

„Ни беше задоволство да бидеме учесници на оваа обука на која, од страна на МЦМС ни беше овозможено да научиме како да подготовуваме проекти со заеднички напори на општинската администрација и на граѓанскиот сектор. Впечаток ни остави тоа што обучувачите успеаја да го пренесат своето знаење, а работата во групи многу ни помогна во практичното совладување на темата“, сметаат Едмонд Амити, Фисник Мисна, Беким Крлиу и Урим Куртиши од Дебар.

novi vestini za podgotovka na proekti 2

„Навистина корисна обука која се надевам дека нема да биде последна. Овој тип на обуки за подготовка на проекти, меѓудругото, овозможуваат расчистување на нејаснотиите околу аплицирањето до фондовите ИПА на ЕУ и до фондовите на други донатори и реално овозможуваат полесен пристап на Ромите до нив“, вели Екрем Иљаз, претставник на општинската администрација на Шуто Оризари.

Оваа обука се реализираше во рамки на проектот „Општините во акција за Ромите“, од програмата Пристап на Ромите до фондови (ПРФ), финансиран од ОСИ Будимпешта, со кој МЦМС во партнерство со ИнСоК придонесува кон градење на капацитетите на општинските администрации за зголемено и трајно социјално вклучување и партиципација во развојните процеси на Ромите во Македонија.

novi vestini za podgotovka na proekti 3

Обуката ја спроведоа Валентина Чичева (МЦМС) и Биљана Стевановска (ОРТ-Обука за одржлив развој)

 

Проекти

Civica Mobilitas

 

Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Нови вештини за подготовка на проекти