Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ефективното лидерство - клуч за успехот на грантистите на Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Четврток, 22 јуни 2017 05:03

Различните модели за постигнувње на ефективно лидерство беa главната тема на работилницата за организациско јакнење која се одржа на 20 јуни 2017 година во хотелот Арка во Скопје.

CM vesti 1

На работилницата учествуваа 18 претставници на управувачките структури и лица кои се директно вклучени во активностите на организацискиот развој и институционалното јакнење на третата генерација институционални грантисти на Цивика мобилитас.

Работилницата ја спроведе Ана Василаче, меѓународен експерт на програмата. Таа ги презентираше моделите на заедничко работење, со чија помош учесниците полесно го анализираа лидерството во сопствените организации, а добија знаење и вештини за да направат промени за остварување на мисијата на нивните организации.

CM vesti 2

Анализата на сопствените организации учесниците ја оценија како најкорисна бидејќи на практичен начин успеале подобро да го разберат моделот на работа кој можеби несвесно го применувале досега.

Преку активностите за градење капацитети, институционалните грантисти се оспособуваат да поттикнуваат, промовираат и остваруваат позитивни општествени промени.

 

Проекти

Civica Mobilitas Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Ефективното лидерство - клуч за успехот на грантистите на Цивика мобилитас