Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионални форуми на Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Вторник, 28 ноември 2017 10:22

Цивика мобилитас ги најавува двата регионални форуми, кои ќе ги организира во југоисточниот и во полошкиот регион.

regionalen forum najava civica mobilitas

Форумот Депонии: каде и кога? ќе се одржи на 4 декември со почеток од 10 часот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и уште еднаш ќе го актуелизира долгогодишниот проблем со депониите и барањето решенија за нив. Вашето учество можете да го најавите на: https://goo.gl/forms/lwUBtet3b2CUAMvw2

Во Македонија има 54 комунални депонии, кои ги загадуваат подземните води, почвата и воздухот, а експертите проценуваат дека 16 депонии се со висок, 16 со среден, а 19 со низок ризик за животната средина. Единствено, скопската депонија „Дрисла“ има интегрирана дозвола за управување со отпад, а покрај комуналните, кои најчесто не ги исполнуваат минималните технички услови за да аплицираат за добивање дозвола, во Македонија има уште околу 1.000 диви депонии.

Досегашните напори да се завршат и профункционираат регионалните депонии останале без успех делумно и заради отпорот на локалното население кое не дозволува тие да бидат лоцирани во околината на нивните населени места.

Регионалниот форум Рудници: да или не? ќе се одржи на 5 декември од 13 часот во Домот на армијата во Струмица. Вашето учество можете да го најавите на: https://goo.gl/forms/KYMQKckaUrGeT56I3

Дискусијата ќе се фокусира на актуелната ситуација со издадените концесии за геолошки истражувања или за отворање на рудници. Иницијативите против рудници на југоистокот досега реализираа шест референдуми, од кои три успешни и три неуспешни. Тие тврдат дека доколку најавените компании добијат концесии за отворање на рудници, рудата ќе се вади со помош на експлозив и тешка механизација, а во процесирањето на рудата ќе биде користен цијанид кој е исклучително опасен за здравјето на луѓето. Се ова ќе води до нарушување на релјефот и загуба на шумите, што ќе значи комплетна промена на климата на ова подрачје. Од друга страна, се верува дека рудниците се надеж за невработените од југоисточниот регион како и можност за менување на структурата на стопанството која досега беше претежно текстилна и дрвопреработувачка.

Се очекува двата форуми да поттикнат соработка помеѓу локалните и централните власти, граѓанските организации и другите засегнати страни за надминување на овие добро познати проблеми на регионално ниво. Говорници ќе бидат градоначалниците од општините во регионот кои се справуваат со оваа проблематика, претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници на планските региони, претставници на граѓанските организации и активисти кои работат на полето на екологијата.

Ве очекуваме!

 

Проекти

Civica Mobilitas Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Регионални форуми на Цивика мобилитас