Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Валентина Чичева PDF Печати Е-пошта

Валентина ЧичеваВалентина Чичева, Координатор на програми
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
+ 389 2 3088 984

Родена е на 28.02.1969 г. во Скопје. Во 1993 г. дипломира на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а во 2008 г. магистрира на Економскиот институт при истиот универзитет, отсек Финансиски менаџмент. Од 1994 до 1999 година работи како Административен секретар, а од 2000 година таа е соработник на проекти/обучувач во Одделението за граѓанско општество и демократија на МЦМС.
Валентина Чичева во рамките на програмите: Јакнење на невладините организации 2000-2003, Јакнење на стратешките граѓански организации 2003-2006, Применето образование за млади Роми 2006-2008, Форуми во заедниците 2008-2013, и Пристап на Ромите до фондови 2011-2013 има работено како:

  1. Обучувач/консултант :
    1. Анализа на потребите за обучување на корисниците,
    2. Развој на курикулум за обука,
    3. Подготовка  и организација на обука: материјали за обука, програма за обука, практични вежби, визуелни помагала и помошните материјали;
    4. Испорака на обуки и консултации за: Раководење со проектен циклус; Институционален развој и организациско јакнење, Стратешко планирање, Раководење со човечки ресурси,  Обука за обучувачи, Вештини за фасилитација; Презентациски и комуникациски вештини, Деловна комуникација и однесување; Ефективни средби и работилници и Административно работење.
  2. Соработник на проекти:
    1. Подготовка и раководење на проекти;
    2. Набљудување и оценка на проектните и програмските активности;
    3. Соработка со корисниците за време на планирањето, спроведувањето и раководењето со проектите и поддршка во подготовка на нивните предлог проекти;
    4. Подготовка на периодични и завршни програмски и проектни извештаи (наративни и финансиски);
    5. Соработка со релевантни владини и граѓански организации, меѓународни донатори и сл.
  3. Модератор/фацилитатор  на форумските процеси во рамки на програмата Форуми во заедниците

LinkedInhttp://mk.linkedin.com/in/valentinachicheva/

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата структура Извршна канцеларија