Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Следење на анти-корупциски реформи PDF Печати Е-пошта

Демократска држава може да биде стабилна ако е ефективна и легитимна, а нејзините граѓани ја почитуваат и поддржуваат. Граѓанското општество е набљудувач, но исто така и витален партнер во потрагата по позитивни односи меѓу демократската држава и нејзините граѓани. Оваа улога на граѓанскиот сектор е особено важна во реформата на доброто владеење во Македонија имајќи ги предвид недостатоците во антикорупцијата кои се идентификувани во неколку меѓународни извештаи: Извештаите за напредок на државата на ЕУ, Итните реформски приоритети, Извештајот за состојбата на земјата за спроведување на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против корупцијата (УНКАК), Извештајот за човекови права за Македонија за 2016 година на Стејт департментот.

Sledenje na anti korupciski reformi

Антикорупциските реформи, како една од најитните реформи кои и претстојат на државата, треба да се развијат во тесна соработка со граѓанското општество. Промовирањето на активното учество на граѓанските организации во спречувањето и борбата против корупцијата како и подигнувањето на јавната свест е прифатено од Македонија со ратификацијата на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против корупција (УНКАК) во 2007 година. Според неа, државата треба да го зајакне учеството на граѓанските организации преку зголемување на транспарентноста и промовирање на придонесот на јавноста во процесите на донесување одлуки, обезбедување ефективен пристап до информации за јавноста, почитување, промовирање и заштита на слободата да се бараат, примаат, објавуваат и шират информации за корупцијата. Имајќи го предвид ова, УНКАК е еден од клучните документи кои обезбедуваат и овозможуваат вклучување на граѓанското општество, посебно поврзано со напорите за борба против корупцијата, како една од клучните реформи за добро управување.

Општата цел на проектот е да придонесе за зголемено влијание на граѓанските организации во процесот на набљудување на клучните реформи за добро владеење за поголема поддршка на државата во процесот на ЕУ интеграции.

Целта на проектот е да ја унапреди ефикасноста на граѓанските организации во анти-корупциските реформи поврзани со интеграциите во ЕУ, преку набљудување на спроведувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против корупција (UNCAC).

Целна група се клучните институциите задолжени за борба против корупцијата (Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи и Државната комисија за спречување на корупцијата) и граѓанските организации кои работат на полето на добро владеење и владеење на правото (Платформата за борба против корупција и други организации и мрежи).

Целно подрачје е територија на Република Македонија.

Очекувани резултати од проектот се: 

  1. Зајакнати капацитети на граѓанските организации за следење на антикорупциските политики и зајакнување на антикорупциските закони во државата; 
  2. Подготвен паралелен извештај за спроведувањето на УНКАК за Македонија (втор круг на самооценката) 
  3. Застапување за подобрувања на националните антикорупциски инструменти 

Периодот на спроведување е 20 декември 2017 година- 19 јуни 2019 година. 

Вкупниот буџет изнесува 3.210.300 МКД, а потребните финансии се обезбедени од Европска Унија.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми